Англиски сендвич во мафин со Поли
Состојки:
- салама Поли
- кисели краставички
- сирење чедар
- пржена сланина
- 1 јајце
- 1 лажица оцет
За тесто за мафините:
- 400 г брашно
- 7 г сув квасец
- 1 големо јајце
- малку шеќер
- малку сол
- 200 мл топло млеко
- 100 мл млака вода
- 50 г путер
Англиски сендвич во мафин со Поли
Процес на подготовка
- Состојките за тестото во поголем сад ги измесуваме во форма на мазна маса. Садот го покриваме со крпа и оставаме тестото да стасува на топло најмалку еден час. Потоа го измесуваме уште еднаш и го оставаме да се одмора најмалку уште еден час, за да нарасне уште еднаш.
- На површина посипана со брашно го расукуваме тестото на дебелина од 1,5–2 цм и со тркалезна модла оформуваме повеќе кругови. Ги покриваме со крпа и го оставаме да стасуваат уште некој час.
- Мафините ги печеме во тава по неколку минути од секоја страна за да добијат златно кафена боја.
- Пошираното јајце го подготвуваме така што во тенџере ќе зовриеме вода, на којашто сме ѝ додале малку алкохолен оцет. Температурата ја намалуваме за да биде водата непосредно пред зовривање и со црпалка правиме вител. Јајцето што сме го скршиле во сад нежно го спуштаме во вителот, а потоа си помагаме со лажица за да се обвитка белката околу жолчката. Јајцето го пошираме околу три минути, за да се стврдне белката, а жолчката да остане течна. Јајцето со лажица цедалка го ставаме врз кујнски бришач, за да ја впие водата.
- Сендвичот го составуваме така што мафинот го преполовуваме, а потоа на дното ставаме парчиња салама Поли, ги додаваме киселите краставички сирењето и пржената сланина. Одозгора го ставаме пошираното јајце и сето тоа заедно го покриваме со горниот дел од мафинот.