

Поли намаз со пиперка и краставички
Состојки:
- 1 ПОЛИ мини (220 гр.)
- 150 гр. свежа црвена пиперка
- 100 гр. кисели краставички
- 2 дл. кисела павлака
- 150 гр. мајонез
- 10 гр.кашкавал (гауда)
- сол, црн мелен пипер
Поли намаз со пиперка и краставички
Процес на подготовка
ПОЛИ ја лупиме и ја сечкаме на мали парченца. Уште подобро е ако ја сомелеме (како мелено месо). Пиперката и киселите краставички ги сечкаме на многу мали парченца (сега веќе знаеме, нели?), ја додаваме киселата павлака, мајонезот и на ситни парченца исечканиот (или изренданиот) кашкавал. Солиме и запиперуваме по што сето тоа добро го мешаме. Масата за мачкање ја ставаме околу половина час во фрижидер. По точно 30 минути веќе можат и најнестрпливите деца и возрасни да си намачкаат на парче леб одличен намаз. Секако дека премазот може по желба да го обогатиме и зачиниме. Ако сакаме истиот да биде полут, додаваме лути феферонки или кромид и лукче.