Време на подготовка: 40 минути Тешкотија: Со левата рака

Поли леб торта

Состав:

  • 500 гр Поли
  • 500 гр тост леб
  • 500 гр рендано или исечено сирење
  • 400 гр домати
  • путер за печење
  • салата, за подобар впечаток

Поли леб торта

Процес на подготовка

Ставете слој тост леб, убаво и внимателно, рамо до рамо во подмачкана тава за печење. Премачкајте го тостот рамномерно со исечкана Поли и рендано сирење. Повторете го процесот еднаш или двапати, во зависност од големината на тавата за печење. Одозгора треба да има слој од тост леб нареден со сирење. Ставете во загреана рерна и печете на 180°C 15 минути, или додека кашкавалот не се растопи и тост лебот не зарумени. Кога тортата ќе се испече, покажете ја уметничката страна на површината и покријте ја со тенко исечени домати, украсете со лисја од салата и сервирајте.