

Италијански панин со Поли
Состојки:
- рукола
- моцарела
- домат
- класично песто од босилек
- салама Поли
За тестото за фокача:
- 500 г меко брашно
- 7 г сув квасец
- 10 г сол
- 1 лажиче шеќер
- 320–350 мл топла вода
- малку маслиново масло
За обложување на фокачата:
- морска сол
- рузмарин
- маслиново масло
Италијански панин со Поли
Процес на подготовка
- Тестото го подготвуваме така што во еден сад добро ги измесуваме сите состојки, освен маслото. Го покриваме со крпа и го оставаме да стасува најмалку 1 час.
- По првото стасување, во тестото со месење додаваме малку масло, а потоа садот со тестото го покриваме и го ставаме на студено место неколку часа, најдобро да отстои преку ноќ.
- Пред подготвувањето на фокачата го загреваме тестото на собна температура и потоа го распоредуваме во тавата за печење, којашто сме ја премачкале со масло. Тестото одозгора го премачкуваме со масло и го посипуваме со сечкан рузмарин и морска сол.
- Фокачата ја печеме од 20 до 30 минути во рерна, претходно загреана на 250 °C.
- Откако ќе се испече ја оставаме малку да се излади, а потоа подготвуваме сендвич во боите на италијанското знаме. Фокачата ја сечеме на половина и долната половина ја премачкуваме со песто. Врз пестото ја ставаме зелената салата, потоа моцарелата и доматот и на крајот парчиња Поли салама. Ја покриваме со другата половина од фокачата, ја сечеме на сендвичи со големина по желба и послужуваме.