Време на подготовка: 40 минути Тешкотија: Со двете раце

Поли паприкаш со тестенини

Состојки:

  • 500 гр. ПОЛИ
  • 400 гр. тестенини (шпагети, макарони ...)
  • 200 гр. кромид
  • исечкан лук (2 чешниња)
  • 2 супени лажици сос од домати
  • 2 супени лажици бело брашно
  • 2 кафени лажички сладок или лут пипер
  • 400 гр. свежа зелена пиперка
  • 1 дл. бело вино
  • 1 дл. маслиново масло
  • зачини по желба и вкус
  • ¾ супа (коцка), сол

Поли паприкаш со тестенини

Процес на подготовка

На маслото го пропржуваме кромидот, половина од исечканата зелена свежа пиперка, ги додаваме на парчиња исечканата ПОЛИ, лукот, сосот од домати, брашното сладкиот или лутиот мелен пипер и зачините во зависност од вкусот. Сето тоа го заливаме со виното и супата и вариме окулу 20 минути, до добиеме прилично густ паприкаш. Тестенините ги вариме во врела, солена вода (ал денте), ги цедиме, сервираме на чинија и врз нив го поливаме ПОЛИ паприкашот. Ако не сме премногу гладни ги украсуваме со другата половина од свежата пиперка која ја сечкаме во вид на резанци и сервираме со свежа сезонска салата.