Време на подготовка: 30 минути

Летни ражничи со Поли виршли

Состав:

За две особи:

  • 3 Поли виршли
  • 1 мала тиквичка
  • 2 пиперки
  • шери домат
  • магдонос

Летни ражничи со Поли виршли

Процес на подготовка

Тиквичката, пиперката и поголемите домати се сечат на помали парчиња. Виршлите се сечат на помали кругчиња. На стапчиња за ражнич наредете ги виршлите и зеленчукот. Притоа, одберете ги парчињата со иста големина за да се печат рамномерно. Запечете ги ражничите на скара за околу 10 минути. Пред да ги послужите посипете ги со сецкан магдонос.