Време на подготовка: 20 min Тешкотија: Со левата рака

Грчко гиро со Поли

Состојки:

  • 1 помала лепиња
  • 3 лажици сос ѕаѕики
  • 300 г салама Поли
  • 100 г помфрит
  • маслинки каламата
  • зелена салата
  • масло или путер

Грчко гиро со Поли

Процес на подготовка

  1. Лепињата ја сечеме со нож на две половини, но не ја сечеме до крај. Долната страна на лепињата го премачкуваме со сосот ѕаѕики.
  2. Помфритот го пржиме на масло. Саламата Поли ја сечкаме на тенки парчиња и во тава ја пржиме на масло или путер.
  3. Лепињата богато ја обложуваме со пржената Поли. Го додаваме и помфритот, маслинките и лист зелена салата.

 

Сос ѕаѕики

Ѕаѕикито може да го подготвиме и самите, така што ќе измешаме 100 г кисела павлака, 3 лажици јогурт, половина рендана краставица, исечкан млад кромид и сок од половина лимон. По вкус додаваме уште и сол, црн пипер и исечкани листови свежо нане.