

Шпагети со Поли, павлака и шампињони
Состав:
- 100 гр. ПОЛИ
- 60 гр. кромид
- 2 дл. павлака за варење
- 180 гр. исечкани солени шампињони
- оригано, Вегета
- маслиново масло за пржење
- 200 гр. шпагети
- рендан пармезан
- сол, црн мелен пипер
Шпагети со Поли, павлака и шампињони
Процес на подготовка
На маслиновото масло го пропржуваме кромидот, ги додаваме шампињоните, потресуваме со Вегета и пржиме се додека течноста не испари, а печурките убаво да замирисаат. Ја додаваме на коцки исечканата ПОЛИ, мешаме и доливаме сладка павлака, по што зачинуваме со оригано, солиме и запиперуваме, а потоа сето тоа треба добро да преврие. Во меѓувреме ги вариме шпагетите во поголема количина на солена вода, ги цедиме, потресуваме со пармезан и ги разделуваме на чиниите, а потоа ги преливаме со подготвениот сос и со сласт ги јадеме.