Шпански сендвич бокадиљо со палачинка со компир и Поли
Состојки:
- помала чабата (или багет)
- домат
- маслиново масло
- мајонез
- салама Поли
- 3 парчиња сирење
За палачинката:
- 4 јајца
- 2 помали компира
- ½ помала главица кромид
- сол
- маслиново масло
Шпански сендвич бокадиљо со палачинка со компир и Поли
Процес на подготовка
- Палачинката ја подготвуваме така што ќе ги излупиме компирите и ќе ги исечкаме на тенки ливчиња, а кромидот ситно ќе го исечкаме. На подмачкана тава го пржиме кромидот и компирите, додека компирот не омекне и не добие златно кафена боја.
- Во сад ги матиме јајцата, ги посолуваме, а потоа им ги додаваме во тавата на компирите и кромидот. Состојките добро ги мешаме, тавата ја покриваме и на ниска температура ја загреваме додека палачинката не стане цврста од горната страна. Со помош на капакот внимателно ја превртуваме палачинката и ја загреваме уште неколку минути за да се испржи и од другата страна.
- Чабатата со нож ја сечеме на половина по должината. По желба лебот може да го премачкаме со малку мајонез или врз него да накапеме маслиново масло. На дното на сендвичот ги распоредуваме парчињата домат, врз нив ја ставаме палачинката, а врз неа ленти салама Поли и сирење. Сендвичот го покриваме со другата половина од чабатата и го послужуваме.