Време на подготовка: 30 минути Тешкотија: Со двете раце

Рижото од тиквички со Поли

Состав:

  • 250 гр. ПОЛИ
  • 100 гр. тиквички
  • 300 гр. ориз
  • 50 гр. месеста сланина
  • 80 гр. кромид
  • исечкан лук (4 чешниња)
  • исечкан зелен магдонос
  • 0,5 дл. бело вино
  • коцка од кокошкина супа (и додаваме повеќе вода за да не е толку солена)
  • 50 гр. путер
  • 80 гр. рендан пармезан
  • сол, црн мелен пипер

Рижото од тиквички со Поли

Процес на подготовка

Во лонецот ставаме 1 супена лажица (попрецизно 20 гр.) путер, ја додаваме на коцки исечканата сланина, исечканиот кромид и лук. Кога кромидот ќе се пропржи ја додаваме на парчиња исечканата тиквичка и малку ја пропржуваме. Го додаваме оризот и продолжуваме да пржиме. Заливаме со бело вино и мешаме додека виното не испари. Цело време додека ја вариме рижотата (окулу 15 минути) постојано мешаме и истовремено ја додаваме кокошкината супа која не е многу солена. Пред крајот на варењето го додаваме исечканиот магдонос и ПОЛИ која предходно сме ја исечкале на тркалца и сме ги преполовиле. На сварената рижота (која мора да биде густа, но сепак течна) и го поправаме вкусот со сол и црн пипер, а во неа го мешаме и остатокот од путерот и пармезанот. Може да ја послужиме со сластна зелена салата или цикорија, на која што и додаваме домашен варен грав.