Поли ражничи

Состав:

За 4 особи:

  • 4 виршли Поли

  • 200 гр. шери домати

  • 4 векнички млечен леб

  • 4 лажици мармелад од кромид (види подолу)

  • 100 гр. сирење гауда

 

Мармелад од кромид

 

  • 1 црвен кромид (најдобро „птујски кромид“)

  • 2 прстофата кафен шеќер

  • 2 дл темно пиво

Поли ражничи

Процес на подготовка

Најнапред го подготвуваме мармеладот од кромид. Кромидот го лупиме, го сечкаме на ливчиња и во тава ги посипуваме со шеќерот, благо го пропржуваме и го залеваме со темно пиво. Загреваме додека пивото не зоврие, потоа го намалуваме огнот и вариме додека течноста не се згусне и не наликува на мармалад.

На стапчиња за ражниња наизменично ги наденуваме парченцата виршли и доматите. Ражнињата ги печеме на скара или во тава. Во меѓувреме векничките млечен леб ги сечеме по должина и исто така набрзина ги печеме со пресечената страна надолу.

Секоја векна ја премачкуваме со мармеладот од кромид. Врз неа го ставаме раженчето и внимателно го отстрануваме стапчето. Одозгора посипуваме со ренданото гауда сирење и послужуваме.