Пица лепчиња

Состав:

За 4 особи:

  • 300 гр. бел леб (на пр. француска векна)

  • 40 гр. мисиркина шунка Пепе или Поли Хеми

  • 40 гр. пршута

  • 50 гр. кашкавал

  • 150 гр. кисела павлака

  • 20 гр. пелати

  • оригано

Пица лепчиња

Процес на подготовка

Состојките многу ситно ги сечкаме (по желба можеме и да ги измиксираме), ги мешаме и ги оставаме половина час во ладилник. Масата ја мачкаме врз лепчињата, а потоа ги ставаме во тавче, обложено со хартија за печење и во рерна ги печеме околу 10 минути на 180 °C.

 Хит на забавите

Овие лепчиња се вистински хит на роденденските забави, а особено ги сакаат најмладите.