Пченкарни тортиљи со мелено месо и Поли
Состав:
- 500 гр. ПОЛИ
- 500 гр. мелено месо
- 200 гр. кромид
- маслиново масло за пржење
- 280 гр. конзерва сварена пченка
- 280. гр. конзерва пасиран грав
- 280 гр. конзерва пасирани домати
- 280 гр. конзерва лут салса сос
- 120 гр. рендан кашкавал
- 2 пакета пченкарни тортиљи
- 3 дц. кисела павлака
- 300 гр. свежа салата
- вегета
- сол, мелен црн пипер
Пченкарни тортиљи со мелено месо и Поли
Процес на подготовка
На маслиновото масло го пржиме исечканиот кромид додека да добие златно – жолта боја, го додаваме меленото месо, солиме и добро го пржиме. Додаваме на коцки исечкана ПОЛИ и пржиме се додека водата не испари. Вкусот го поправаме со сол, црн пипер и вегета, по што ја додаваме исцедената пченка, половина од конзервата со испасиран грав, половина од конзервата со испасирани домати и по вкус лут салса сос. Сето тоа го мешаме и додаваме пармезан. Веќе подготвените тортиљи ги загреваме во рерна (приближно 5 минути), а потоа секоја ја полниме со месниот фил и ја обложуваме со свежа салата. Ако мислите дека можете повеќе, може секоја тортиља да ја обложите и со кисела павлака.