Мафини со октоподи од виршли

Состав:

За 3 особи:

  • 3 јајца

  • сол

  • 200 гр. брашно

  • 1 дл млеко

  • 1 чајна лажичка оригано

  • свежо мелен црн пипер

  • 20 гр.  ситно рендано сирење, на пр. пармезан

  • 7 виршли Поли

  • црн пипер во зрно (по желба, за декорација)

Мафини со октоподи од виршли

Процес на подготовка

Од виршлите подготвуваме октоподи, така што виршлите ги преполовуваме и пресечениот дел по должината го засекуваме на начин да добиеме 8 „пипала“.

Во сад ги ставаме јајцата, малку сол и матиме додека не добиеме кремлива смеса. Во друг сад го мешаме брашното со ориганото, солта и свежо мелениот црн пипер. На јајцата наизменично им ги додаваме млекото и брашното, а на крајот уште и ренданото сирење. Мешаме додека не добиеме хомогена смеса. Ја распоредуваме во 6 калапи за мафини и одозгора ги ставаме октоподите од виршли. (На октоподите со зрна црн пипер можеме да им направиме очи.) Ги печеме на 180 °C околу 20–25 минути.

 

Дали се веќе се печени?

Мафините ги боцкаме со чепкалка и ако таа е чиста кога ќе ја извадиме, тие се печени.