

Индиски сендвич на бомбајски начин со Поли
Состојки:
- 6 парчиња тост
- 120 реднана салама Поли
- 120 г рендано сирење моцарела
- 2 помали компира
- 1 поголем домат
- 1 помала краставица
- 2 млади кромида (или 1 помала главица кромид)
- путер
За мешан сув зачин:
- 1 лажица кумин
- 1 лажица коријандер
- ½ лажиче црн пипер
- 1 лажиче мелено каранфилче
- ½ лажиче цимет
- 1 лажиче сол
За зелен чатни:
- 60 г свеж магдонос
- 30 г свежо нане
- 1 голема зелена чили пиперка
- 3 чесни лук
- ½ лажиче мешан зачин
- околу 30 мл вода
Индиски сендвич на бомбајски начин со Поли
Процес на подготовка
- Најнапред ги лупиме компирите и ги ставаме да се варат во жешка, посолена вода. Во меѓувреме ги чистиме и ги сечкаме останатите состојки.
Кога варените компири ќе се оладат, ги сечеме на тенки резанки. Саламата Поли и сирењето ги рендаме. - Зачините ги мешаме во сад. Зелениот чатни го подготвуваме така што во сечач сите состојки ги сечкаме за да се добие мазна смеса.
- Едно парче тост премачкуваме со путер и со зелениот чатни, а потоа врз него ги распоредуваме резанките компири и кромид. Зачинуваме со мешаниот зачин и ги додаваме ренданата Поли салама и ренданото сирење.
- Одозгора го ставаме второто парче леб. Го премачкуваме со путер и со зелениот чатни, а потоа врз него го ставаме исечканиот домат, краставицата и кромидот. Одозгора посипуваме со мешан зачин и ги додаваме ренданата салама Поли и сирењето. Сендвичот го покриваме со парче леб, којшто одозгора ќе го премачкаме со путер.
- Сендвичот го ставаме во загреана ребреста става, така што парчето премачкано со путер да биде свртено надолу. Малку го сплескуваме со кујнска лопатка. Пред да го свртиме сендвичот, го премачкуваме со путер и на горната страна. Пред послужувањето сендвичот треба малку да се олади и да се преполови, за да добиеме два триаголника. На чинијата додаваме уште малку зелен чатни за макање.