Време на подготовка: 10 min Тешкотија: Со левата рака

Германски сендвич со Поли

Состојки:

  • салама Поли
  • зелена салата
  • тврдо варено јајце
  • сос кари
  • сирење ементалер

 

За тркалезните лепчиња:
  • 500 г меко брашно
  • 10 г сол
  • 5 г шеќер
  • 10 г сув квасец
  • 300-400 мл млеко
  • 1 л вода
  • 3 лажици сода бикарбона

Германски сендвич со Поли

Процес на подготовка

  1. Од брашното, солта, шеќерот, квасецот и млекото во поголем сад замесуваме тесто, го покриваме со крпа и оставаме да стасува еден час на собна температура.
  2. Тестото повторно го месиме, го делиме на шест дела и формираме топчиња. Оставаме уште малку да нараснат, додека во поголемо тенџере зовриваме вода со сода бикарбона. Ја намалуваме температурата, ги додаваме топчињата и ги вариме од 1 до 2 минути.
  3. Топчињата ги ставаме во тава за печење, којашто ќе ја обложиме со хартија за печење, ги засекуваме одозгора, ги наросуваме со морска сол и ги печеме 30 мин на 160 °C.
  4. Малку оладените топчиња ги сечеме на половина и во нив ги ставаме сирењето, салатата, саламата Поли, вареното јајце и сосот кари.