Француски крок месје со Поли
Состојки:
- 4 големи парчиња тост
- 250 гр. салама Поли
- бешамел сос
- 250 гр. рендано сирење: камамбер или син рокфор
- големо парче путер
За бешамелот:
- 1 лажица брашно
- 2 дл млеко
- една рака рендан пармезан
- 1 лажичка дижонски сенф
- 1 прстофат мускатно оревче
- сол и црн пипер
Француски крок месје со Поли
Процес на подготовка
- Најнапред го подготвуваме сосот бешамел така што во лонче на ниска температура го растопуваме путерот и му го додаваме брашното. Мешаме неколку минути за да добиеме мазна смеса, а потоа го додаваме млекото. Во текот на загревањето постојано мешаме за да добиеме густ сос без грутчиња. Потоа во сосот ги додаваме пармезанот, солта, дижонскиот сенф и мускатното оревче.
- Рерната ја загреваме на 190 °C. Два тоста премачкуваме со сосот бешамел и врз нив ставаме парчиња Поли салама. Во сендвичите го додаваме уште и сирењето и ги покриваме.
- Во тава го растопуваме големото парче путер и сендвичите ги печеме од двете страни за да добијат златно кафена боја. Потоа ги преместуваме во тава за печење. Одозгора го распоредуваме бешамелот и го посипуваме со преостанатиот кашкавал. Во рерна ги печеме додека одозгора не се потпечат и додека не се растопи сирењето.