Време на подготовка: 25 min Тешкотија: Со левата рака

Американски страшен сендвич со Поли

Состојки:

  • полномрсно сирење чедар
  • салама Поли
  • кечап

 

За салатата колслоу:
  • црвена зелка
  • морков
  • јаболко
  • мајонез
  • сол
  • црн пипер

 

За тркалезните лепчиња:
  • 450 г меко брашно
  • 10 г сув квасец
  • 15 г сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 150 мл топла вода
  • 70 мл јогурт
  • 70 г путер
  • 1 цело јајце и 1 белка
  • 1 лажица медицински јаглен

 

Дополнително:
  • 1 жолчка
  • малку млеко
  • сусам за посипување

Американски страшен сендвич со Поли

Процес на подготовка

  1. Во поголем сад добро ги замесуваме состојките за лепчињата, за да добиеме еластично тесто. Садот го покриваме со крпа и оставаме тестото да стасува најмалку еден час. Стасаното тесто повторно го измесуваме и го оставаме да одмора најмалку еден час, за да нарасне уште еднаш.
  2. Од тестото формираме 6 тркалезни лепчиња и ги ставаме во тава за печење, обложена со хартија за печење. Лепчињата ги покриваме со крпа и ги оставаме да стасуваат, додека рерната се грее на 170 °C.
  3. Секое лепче го премачкуваме со жолчка измешана со млеко и го украсуваме со сусам. Лепчињата ги печеме од 20 до 25 минути.
  4. Салата колслоу: црвената зелка ја рендаме на потенки ленти, исто како и морковот и јаболкото. Посолуваме, го додаваме црниот пипер, мајонезот и сокот од лимон.
  5. Откако ќе се испечат лепчињата ги сечеме на половина и подготвуваме сендвичи со Поли саламата,сирењето, салатата колслоу и кечапот.