Правила и услови за учество во наградниот натпревар „Поли Шеф“

 

1. Податоци за организаторот на натпреварот

Организаторот на натпреварот со назив „Поли Шеф“ ( во продолжение: награден натпревар) е друштвото Перутнина Птуј дооел Скопје, ул Перо Наков бр 108А, 1000 Скопје (во продолжение: организатор).

 

2. Цел на натпреварот

Целта на натпреварот е промоција на пилешката салама Поли и на светските сендвичи подготвени со Поли салама.

 

3. Учесници

Учесници може да бидат сите физички лица со постојано живеалиште во Република Северна Македонија, коишто наполниле 15 години, коишто на интернет страницата https://www.madaboutpoli.com/mk/mk/poli-chef-game (во продолжение: интернет страница) ќе го одиграат натпреварот.

Купувањето на кој било производ не е услов за учество во натпреварот.

Со учеството во натпреварот секој учесник изречно потврдува дека во целост се запознал со правилата, дека ги прифаќа и воедно потврдува дека ќе ги почитува.

Учество на правни лица во натпреварот не е дозволено. Предметните субјекти во спротивно ќе бидат отстранети од играта од страна на организаторот.

 

4. Начин на учество и тек на натпреварот

Корисниците може да ја играат играта без регистрација. Ако сакаат да учествуваат во наградниот натпревар и да се натпреваруваат за награди, тие на крајот од одделната игра (во продолжение соба) мора да го пополнат образецот со податоци за контакт (име, презиме, ел. пошта, држава) и да го достават. Секој корисник во одделна соба може да учествува повеќепати, но во склопот на една соба може да биде извлечен и награден само еднаш.

Во натпреварот учествува секој, којшто одиграл најмалку една игра во одделна соба, ги доставил бараните податоци и се согласил со учество во натпреварот.

Тек на наградниот натпревар

Играта се состои од 6 соби, каде што играчот за успешно одиграна игра, во одделна соба, за една минута треба да состави сендвич со сечкање на точните состојки, коишто паѓаат во полето за играње. Играчот за успешно завршување на играта, коешто е услов за учество во наградниот натпревар, не смее да прескокне ниту една состојка, односно не смее да ја пресече печурката муварка. Муварката е единствената состојка, којашто ја завршува играта. Секој играч има можност успешно да ја заврши играта (бидејќи е овозможено повторно играње на играта во одделна соба) и да учествува во наградниот натпревар на одделна соба.

Во наградното извлекување учествува секој, којшто успешно одиграл најмалку една игра во одделна соба и ги доставил податоците за контакт. Сите, коишто успешно ќе ја завршат играта во актуелната соба, ќе учествуваат во двонеделното извлекување.

Сите, коишто успешно ќе ја завршат играта во која било од собите, ќе учествуваат во големото завршно извлекување.

Секоја соба има и скала на најдобрите. На скалата се прикажуваат лични податоци (име и презиме) и највисокиот број на бодови на лицето. За запишување на нов, подобрен, број на бодови, корисникот мора да достави образец со иста ел. пошта како при првото запишување на скалата. Пласирањето на скалата не влијае на наградниот натпревар и на извлекувањето.

 

5. Траење на наградниот натпревар и механика на извлекувањето

Наградната игра се одвива на интернет страницата https://www.madaboutpoli.com/mk/mk/poli-chef-game од 18.09. 2024 год. заклучно до 12. 12. 2024 год. до 23:59 часот и вклучува 6 извлекувања за помалите награди и едно завршно извлекување за големата награда.

Секоја одделна соба е наградна 2 недели. Од сите учесници на крајот на секоја наградна соба по случаен избор се извлекуваат 50 учесници, коишто ќе добијат награда за одделна соба. Извлечените играчи на адресата, којашто ќе ја наведат во образецот за контакт, ќе ја добијат наградата на собата во којашто биле извлечени.

По извлекувањето одделната соба и понатаму останува отворена за забава, но не овозможува пласман во наградното извлекување или на скалата на најдобрите.

По завршувањето на сите 6 извлекувања за малите награди, следува извлекување за големата награда. Во извлекувањето за големата награда може да учествуваат сите, коишто успешно ја завршиле играта во која било соба. Корисникот во големото наградно извлекување може да биде извлечен и награден само еднаш.

Механика на извлекување

Во склопот на наградниот натпревар ќе се спроведат вкупно 7 извлекувања, од кои 6 извлекувања за помали награди во одделна наградна соба и 1 големо извлекување за главната награда. Извлекувањето е по случаен избор.

Наградното извлекување ќе го врши организаторот на наградната акција со компјутерско извлекување по случаен избор во седиштето на друштвото, Перутнина Птуј дооел Скопје, ул Перо Наков бр 108А, 1000 Скопје. Извлекувањето на добитниците ќе се одвива во рок од 2 работни дена по завршувањето на одделната наградна соба.

 

6. Фаза на наградниот натпревар
  1. круг: трае од 18. 09. 2024 до 01. 10. 2024 до 23:59, извлекувањето ќе се изврши на  02. 10. 2024.
  2. круг: трае од 02. 10. 2024 до 15. 10. 2024 до 23:59, извлекувањето ќе се изврши на  16. 10. 2024.
  3. круг: трае од 16. 10. 2024 до 29. 10. 2024 до 23:59, извлекувањето ќе се изврши на  30. 10. 2024.
  4. круг: трае од 30. 10. 2024 до 12. 11. 2024 до 23:59, извлекувањето ќе се изврши на  13. 11. 2024.
  5. круг: трае од 13. 11. 2024 до 26. 11. 2024 до 23:59, извлекувањето ќе се изврши на  27. 11. 2024.
  6. круг: трае од 27. 11. 2024 до 10. 12. 2024 до 23:59, извлекувањето ќе се изврши на  11. 12. 2024.

Големо извлекување: 16. 12. 2024 год.

 

7. Наградни извлекувања

Двонеделни извлекувања

Во секој круг од наградната игра ќе бидат доделени  50награди, вкупно 300 награди. Во наградниот фонд на одделна соба се следните награди:

  • Соба  1 - Ciao Italia – 50 x маици
  • Соба  2 – Yassas Ellada – 50 x емајлирани чаши
  • Соба  3 – Шведска – Hej Sverige – 50 x платнени торбички
  • Соба  4 – Hola Espana – 50 x Поли ранци
  • Соба  5 – Hola Mexico – 50 x чорапи
  • Соба  6 – Howdy Usa – 50 x маски за спиење

Добитниците од одделен круг (име, презиме) најдоцна во рок од  3 работни дена по завршувањето на извлекувањето на одделна наградна соба ќе бидат објавени на интернет страницата. Добитниците ќе бидат известени за наградата и на електронската адреса, којашто ќе ја внесат во образецот за контакт.

ројот на наградите е ограничен и во никаков случај нема да бидат доделени повеќе награди од бројот наведени во овие правила. Ако наградата од било кој причин не е достапна, организаторот си го задржува правото да ја замени со награда по своја дискреција со награда на друга големина или друга награда од наградниот фонд (помали награди).

Завршна главна награда

По завршувањето на сите 6 извлекувања за малите награди, следува извлекување за големата награда: 3 x велосипеди Пони.

Во извлекувањето за големата награда може да учествуваат сите, коишто успешно ја завршиле играта во која било соба. Корисникот во големото наградно извлекување може да биде извлечен и награден само еднаш.

Добитниците на извлекувањето за големата награда (име, презиме) најдоцна во рок од 3 работни дена по завршувањето на извлекувањето ќе бидат објавени на интернет страницата. Добитниците ќе бидат известени за наградата и на електронската адреса, којашто ќе ја внесат во образецот за контакт.

 

8. Утврдување на добитниците и известување за добитникот/добитничката

Ако за награда е избрано лице, коешто врз основа на овие правила не ги исполнува условите за учесник во наградната игра, односно не ги исполнува условите за преземање на наградата, наградата нема да му биде доделена.

Добитникот ќе биде објавен на интернет страницата и известен на електронската адреса, којашто ќе ја наведе во образецот за контакт, најдоцна 3 дена по извлекувањето на добитниците. Сите учесници во наградната игра изречно и неотповикливо се согласуваат со учеството во наградната игра со објавување на наведените податоци на интернет местото.

Жалба во врска со пласманот на добитниците врз основа на овие Правила не е можна.

 

9. Преземање на наградата

Услов за добивање на наградите е учесниците да се согласат со овие правила и да ги исполнуваат условите за учество во наградната игра.

Двонеделни мали награди:

Добитниците двонеделните мали награди ќе ги добијат по пошта, на адресата, којашто ќе ја наведат во образецот, којшто ќе им биде доставен на електронската адреса, заедно со известувањето дека се извлечени. Образецот со податоците корисникот мора да го пополни и да го достави во рок од 10 дена од добивањето на електронската порака. При праќањето ќе се земат предвид само адреси, коишто се  наоѓаат во Република Северна Македонија. Извлеченото лице нема право на наградата ако не ги достави сите барани податоци или ако достави погрешни податоци. Исто така добитникот нема право на награда ако ги крши правилата и условите на наградната игра. Во тој случај на наградата нема да му се додели на добитникот. Наградата не може да се замени, да се бара противвредност на наградата, ниту пак да се пренесе на трето лице.

Добитниците на наградата ќе ја примат наградата по пошта најдоцна во рок од 30 дена од објавувањето на резултатите и примањето на сите потребни податоци како што е наведено во шестиот став од овој член. Во случај на технички или други проблеми, организаторот го задржува правото да го продолжи рокот за испорака, за што добитниците на наградите ќе бидат информирани преку веб-страницата https://www.madaboutpoli.com/mk/mk/poli-chef.

Завршна награда:

Добитниците на големата награда ќе мора на организаторот, покрај другите податоци за контакт, да му го достават и матичниот број. Добитниците велосипедите Пони ќе може да ги преземат во дирекцијата на  Перутнина Птуј дооел Македонија.

Добитникот согласно чл 54 и 55 од законот за персонален данок на доход е должен пред превземањето на наградата да достави свои лични податоци и тоа име, презиме, адреса и ЕМБГ, доколку вредноста на наградата надминува 5000 денари, при што лицето добитник е даночен обврзник за пресметаниот данок како физичко лице кое остварило добивка во игра на среќа.

Добивки од игри на среќа

Член 54. Обврзник на данокот на доход за добивките од игри на среќа е физичкото лице кое остварило добивка од игри на среќа. Основа за пресметување на данокот кај игрите на среќа претставува износот на поединечната исплата на добивката.
По исклучок на ставот 2 на овој член, основа за пресметување на данокот кај игрите на среќа во
обложувалница претставува износот на поединечната исплата на добивката намален за износот на поединечната уплата врз основа на која е остварена добивката.
Под поединечна исплатена добивка не се подразбираат добивките остварени во текот на играта насреќа. Ако добивката од игри на среќа се состои од предмети, основа на данокот претставува пазарната вредност на предметите во моментот на остварувањето на добивката

Член 55. По исклучок на одредбите од членот 54 од овој закон данок на доход за добивките од општите игри на среќа не се плаќа, ако поединечната исплата на добивката не го надминува износот од 5.000 денари. Ако поединечниот износ на добивката е поголем од износот утврден во ставот 1 на овој член данокот се пресметува врз целиот износ.

Ако добитникот не ги достави наведените податоци во рок од 10 дена од добивањето на известувањето за извлекувањето, ќе се смета дека се откажува од наградата. Наградата останува недоделена.

Ако во наградниот натпревар учествува малолетно лице, наградата може да биде превземена само од страна на негов родител или старател.

Наградата не може да се замени, да се бара нејзина парична противвредност, ниту пак да се пренесе на трето лице.

Организаторот го задржува правото да не ги додели наградите ако:

  • добитникот не ги исполни условите за преземање на наградата,
  • се утврди дека корисникот во учествувал во наградната игра во спротивност со правилата и условите на наградната игра,
  • добитникот достави погрешни податоци.

 

10. Исклучување на одговорност

Организаторот не презема никаква одговорност за:

  • нефункционирање на интернет местото, коешто е последица од испад на мрежата на договорните партнери, прекин на електрична енергија или други технички пречки, коишто би можеле привремено да го попречуваат користењето на услугите на интернет профилот,
  • какви било последици, коишто учесникот би ги претрпел поради учеството во играта, врз коишто организаторот нема влијание.

Организаторот во исклучителен случај на предвремен прекин на наградниот натпревар од причини, коишто не се на негова страна, го задржува правото, според сопствена процена наградите да им ги додели на лица, коишто учествувале во играта до моментот на прекинувањето или да ја отповика играта без какви било обврски кон учесниците.

 

11. Заштита на личните податоци

Со учеството во наградниот натпревар учесникот се согласува дека организаторот може личните податоци на учесниците (име, презиме и електронска адреса) да ги користи исклучиво за целите на спроведување на наградната игра.

По завршувањето на наградниот натпревар, односно најдоцна до доделувањето на наградите или најдоцна до исполнувањето на сите обврски од наградниот натпревар, сите лични податоци на учесниците ќе бидат избришани.

Организаторот ги обработува личните податоци за целите на доделување на награда, како и за пресметување на даночните обврски.

Со влегувањето во наградниот натпревар учесникот дозволува организаторот како управувач со личните податоци сите доставени податоци (име, презиме, ел. пошта, во определени случаи и адреса на живеалиштето и даночен број) во наградниот натпревар да ги обработува во согласност со Општата уредба за заштита на личните податоци и важечкиот Закон за заштита на личните податоци. Организаторот за целите на спроведување на наградниот натпревар може личните податоци да им ги достави на трети лица (обработувачи), како на пример на понудувачот на поштенски услуги и сл.

Во времето на управувањето со личните податоци учесникот има можност да изврши увид, препис, копирање, дополнување, исправка, блокирање и бришење на личните податоци во збирката на податоците, согласно со важечките прописи. Правата ги извршува така што своето барање ќе го прати на адресата info@perutnina.com.

Доставувањето на лични податоци е доброволно, ако учесникот не ги достави бараните податоци, по доставувањето побара нивно бришење, ја отповика согласноста за нивна обработка или согласноста за директен маркетинг ја отповика пред датумот на предметното извлекување, тој не може да учествува во наградната игра, односно да ја преземе наградата.

 

12. Пристап до правилата на игра

Правилата на наградниот натпревар се објавени на https://www.madaboutpoli.com/mk/mk/poli-chef-game и се постојано достапни и ставени на увид на сите учесници. Со учеството во наградниот натпревар учесниците потврдуваат дека се запознаени со правилата на наградниот натпревар и дека ги прифаќаат и се согласуваат со нив.

 

13. Останати одредби

Организаторот на наградниот натпревар го задржува правото на промена на овие правила, ако тоа го наложуваат правни, технички или комерцијални причини, односно ако за тоа постојат други основани причини. За сите евентуални промени на овие правила учесниците ќе ги извести со објава на интернет местото. Продолжувањето  на учеството во играта по објавувањето на евентуалните примени на правилата се смета за прифаќање и согласување со промените.

Во случај на каков било спор или нејасност овие правила се сметаат за примарни во однос на сите други евентуални објави, во печатена, електронска или каква било друга форма. Автентично толкување на овие правила определува исклучиво организаторот на играта.

За сите евентуални спорови по основ на наградниот натпревар, коишто не може да се решат спогодбено, е надлежен судот во Птуј.

Овие правила почнуваат да важат на  18.09. 2024 год.

Организатор на наградниот натпревар: Перутнина Птуј дооел Скопје, ул Перо Наков бр 108А, 1000 Скопје